Брнабиќ: Ова е обид за сценарио „Мајдан“
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, зборувајќи за сцените на насилство на белградските улици, рече дека е важно да се напомене дека претседателот на Србија е во зградата на Претседателството, на 80 метри од овие насилници, додавајќи дека најмногу важно е да се зачува мирот и да се врати сето она што е уништено вечерва.
– Уништуваат јавен имот и тој ќе треба да се обнови со народни пари, рече Брнабиќ.
Според неа, припадниците на полицијата го чувале мирот, биле воздржани и имале инструкции да не реагираат за никој да не биде повреден.
Брнабиќ рече дека секој обид за упад во институциите е драматичен и ја покажува намерата преку насилство да се промени изборната волја на народот. Таа додава дека ова е обид за сценарио „Мајдан“, дека ова е омраза и насилство на што предупредуваа цело време во текот на изборната кампања.
„Предупредив дека не им е грижа за кампањата, изборите и резултатите, туку дека единствената намера им е насилна дестабилизација на Србија“, вели Брнабиќ.
Таа нагласи дека е важно граѓаните да знаат дека лично разговарала со сите странски дипломати на западните земји со желба да ги предупреди за ова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лажен полицаец година и пол работел на…
Сериозни пропусти во работата на полицијата се…
Братот на зетот на Трамп за 12…
Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…
Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…
Како одговор на растечката закана од сили…
Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…
Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…
Украинскaта војска во текот на оваа година…