Писториус: Германија ќе има постојана воена бригада во Литванија
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус оваа недела изјави дека договорот за трајно распоредување на германска бригада во Литванија е „историски момент“, додавајќи дека тоа е првпат Германија постојано да распоредува војници надвор од нејзините граници.
„Сакаме и сме подготвени да ја одбраниме територијата на НАТО“, рече Писториус на прес-конференцијата со неговиот литвански колега Арвидас Анусаускас, по потпишувањето на договорот за изградба на бригадата.
Дивизијата на Бундесверот треба да биде подготвена за распоредување до 2027 година, рече Писториус, додавајќи дека целта е трајно да се стационираат 4.800 војници и околу 200 цивили во координација со НАТО поради руската инвазија на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пукање од возило во Сарај: Едно лице…
На 18.10.2026 во 09:50 чaсот во СВР…
Нетанјаху: „Имаме способност да ги напаѓаме нашите…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата, при…
Осумгодишно дете удрено на пешачки премин пред…
8-годишно дете било удрено од автомобил на…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…