Мехмедовиќ: Опфатот на вакцинација на децата е многу намален по Ковид-пандемијата
Последниот билтен од Институтот за јавно здравје се гледа дека имаме намалување на бројот на случаи на Ковид за половина, што значи тука ситуацијата е стабилна. Но, загрижувачка е ситуацијата со вакцинацијата против морбили која е на ниски 70 отсто. Во Романија има епидемија, кај нас засега нема но може да дојде до некој увезен случај. Другиот проблем е со пертусис или магарешка кашлица, која трае долго и најмногу ги засега децата може да предизвика последици. Но, и за оваа болест има вакцина иако опфатот по Ковид-пандемијата е значително намален па вакви искоренети болести повторно ни се враќаат, вели спец. д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести, во СТУДИО 10 на ТВ 24.
– Вгодина не чека отворен фронт против заразните болести кои можат да се рпевенираат со вакцинација. Да не дозволиме да се случуваат тешки па и смртни последици за болести кои можат да се превенираат со вакцинација. Ете, во Европа повеќе нема полио благодарение на вакцините, вели Мехмедовиќ.
Мехмедовиќ вели дека морбили имало еден случај во ноември, а пертусис два случаи во септември, што е незначителна бројка, но тоа што нема случаи не значи дека во овој период на патувања нема да дојде до увоз на болеста.
Тој апелира да не се шират дезинформации дека има поврзаност меѓу вакцината против морбили и аутизмот и дека за тоа се потрошени милијарди долари да се докаже. Мехмедовиќ додава дека сите вакцини што се примаат во Македонија се според стандардите на ЕУ и се со несомнен квалитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…