Деца со пиротехника запалиле дрво во Тетово

t

Вчера избувнал пожар на едно од дрвјата пред зградата на Музеј на тетовски крај во Тетово кој бил изгаснат за кратко време од тетовските пожарникари.

Директорот на Музејот, Миќо Стојчевски, информираше дека пожарот настанал поради деца кои употребувале пиротехнички материјали.

-На снимките од надзорните камери видов дека пожарот настана откако деца кои застанати пред објектот запалија пиротехнички материјали, нешто како огномет. Од тоа се запали дрвото, но за среќа веднаш пристигнаа пожарникарите кои за 15-тина минути го изгасија пожарот – рече Стојчевски.

Станарите кои живеат во околината на Музејот пожарот го пријавиле во СВР Тетово, откаде дошла и полициска екипа.

Пожарот се случува во период кога СВР Тетово ја реализира превентивно-едукативната кампања „Петарди НЕ, безбедност пред сè“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Филипче не знае каде тера, прво…

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во изјава…

Студентите и оваа година ќе добиваат 840…

За академската 2026/2027 година, студентите кои ги…

Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…

Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…

Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…

Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…

Почина бизнисменот Огњан Циговски

По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…