Вишиот суд ја одби жалбата на „Србија против насилство“: ГИК не е надлежен да ги поништи изборите
Вишиот суд во Белград отфрли уште една жалба на коалицијата „Србија против насилство“ и со тоа го потврди ставот на Градската изборна комисија дека не е надлежна да одлучува за поништување и прегласување на изборите за пратеници во Народното собрание, објави ГИК.
„Како што истакна претседателот Зоран Лукиќ, Градската изборна комисија се прогласи за ненадлежна во однос на приговорот што го доби од таа Коалиција, која побара поништување на парламентарните избори на сите избирачки места, а приговорот го префрли во надлежност на Републичка изборна комисија“, соопшти ГИК, јавија белградските медиуми.
Против таквата одлука на Градската изборна комисија беше поднесена жалба, која Вишиот суд во Белград ја отфрли како неоснована.
Синоќешниот протест на српската опозиција која бара поништување на изборите од 17ти декември заврши без инциденти.
Неколку илјади луѓе се собраа пред седиштето на Републичката изборна комисија со барање да се повтори целиот изборен процес.
Претходно група студентски активисти го блокираа влезот на Министерството за државна управа и локална самоуправа, барајќи да се провери избирачкиот список.
Студентите се заканија дека доколку не им се исполнат барањата, ќе блокираат два фреквентни меѓународни патни правца во Србија, без да прецизираат кои.
На протестите во неделата дојде до нереди во кои дел од насобраните лица се обидоа насилно да влезат во Градското собрание. Беше скршена вратата на главниот влез, а уништени беа и дел од прозорците на објектот.
Полицијата информираше дека во нередите биле повредени и осум полициски службеници од кои двајца се здобиле со сериозни повреди.
По протестот приведени се 38 лица. Опозицијата ја обвинува власта дека наводно меѓу демонстрантите уфрлила хулигани кои предизвикале насилство, а потоа следела брутална полициска акција.
За денеска во 18 часот е најавен нов протест пред седиштето на државната изборна комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…