Вучиќ: Повторување на изборите на неколку избирачки места не може значително да ги промени резултатите

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека в сабота, на 30 декември ќе се повторат изборите во неколку избирачки места, но оти речиси ништо не може да се смени, освен листата обединета околу Српската напредна партија (СНС) да добие уште еден мандат во српскиот парламент.

Никој друг не може да победи или загуби. А за нас, дали ќе имаме 129 или 130 мандати, право да ви кажам …, изјави Вучиќ на новинарите при обиколката на патот Бачки Брег – Српска Црња.

Коментирајќи ги изјавите на лидерот на листата „Ние – гласот од народот“ на Бранимир Несторовиќ, дека движењето нема да учествува во коалиции за формирање градска власт во Белград, Вучиќ рече дека изјавите на политичарите не го интересираат и оти само сака изборниот процес да заврши.

И тогаш, ако нема мнозинство – нема мнозинство, ќе одиме на избори. Ако има мнозинство – има мнозинство. Што има јас да претпоставувам – рече Вучиќ.

Зборувајќи за протестите пред градското собрание на Белград, тој тврди дека симпатизерите на опозицијата „три часа ја уништувале зградата и кршеле прозорци“, а потоа изјавиле дека тоа го направиле „уфрлени елементи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…

Двајца припадници на Армијата се повредни по…

Трамп му се потсмева на Путин: Реши…

Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…

Лефков: 2 милиони денари за споменик за…

Пратеникот Миле Лефков објави дека се одобрени…

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…