Среќна Нова… На 30 декември ќе се повторат изборите во неколку избирачки места во Србија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека во сабота, на 30 декември ќе се повторат изборите во неколку избирачки места, но оти речиси ништо не може да се смени, освен листата обединета околу Српската напредна партија (СНС) да добие уште еден мандат во српскиот парламент.

– Никој друг не може да победи или загуби. А за нас, дали ќе имаме 129 или 130 мандати, право да ви кажам …, изјави Вучиќ на новинарите при обиколката на патот Бачки Брег – Српска Црња.

Коментирајќи ги изјавите на лидерот на листата „Ние – гласот од народот“ на Бранимир Несторовиќ, дека движењето нема да учествува во коалиции за формирање градска власт во Белград, Вучиќ рече дека изјавите на политичарите не го интересираат и оти само сака изборниот процес да заврши.

– И тогаш, ако нема мнозинство – нема мнозинство, ќе одиме на избори. Ако има мнозинство – има мнозинство. Што има јас да претпоставувам, рече Вучиќ.

Зборувајќи за протестите пред градското собрание на Белград, тој тврди дека симпатизерите на опозицијата „три часа ја уништувале зградата и кршеле прозорци“, а потоа изјавиле дека тоа го направиле „уфрлени елементи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аеродромот во Катанија останува затворен поради новата…

Аеродромот во Катанија на Сицилија денеска остана…

Во Салцбург се украдени 210 позлатени статуетки…

Изложбата на германскиот уметник Отмар Херл со…

Софи Адено ќе стане првата Французинка што…

Минатиот февруари, Софи Адено влезе во историјата…

Трамп вели дека САД ќе ја задржат…

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека…

(Видео) Најмалку 44 загинати откако преполн траект…

Најмалку 44 лица загинале откако преполн траект…