Даштевски: Невозможно е партијата на Курти да учествува на изборите во Македонија

t

Не постои можност партијата „Самоопределување“ на косовскиот премиер Албин Курти да учествува на изборите во Македонија, дециден е претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Тој за „Република“ ја објаснува процедурата како може да се учествува на парламентарните избори и оти странска партија нема шанси да биде на листите.

Услов за учество е да се македонски државјани и  да ги ислолнуваат законските услови како што се државјанство и жителство.Без тоа не може да бидат запишани во Избирачкиот список . Не може странец да учествува на изборите ниту пак партии-објаснува Даштевски за „Република“.

Партијата „Самооределување“ на Курти не е регистрирана во Македонија ниту пак нејзин огранок и со тоа е невозможно да учествува на изборите во Македонија како што најавија од албанската опозиција.На Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење им се приклучи Движењето Самоопределување од Косово, со нејзиниот претставник Беким Ќоку, кој му е советник на Курти.

Изет Меџити од Демократското движење објасни на кој начин „Самоопределување“ ќе биде вклучено на изборите.

Беким Ќоку е државјанин на Македонија и тој ќе биде на во заедничките листи.Тој е член и на Генералното собрание на движењето „Самоопределување“-нагласува Меџити за „Република“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Европски фронт“ поднеле тужба пред Управниот суд…

До Управниот суд вечерва е пристигната тужба…

ДУИ не се помирува со загубата на…

Државната изборна комисија денеска треба да одлучува…

Излезеноста до 13 часот е речиси 26%

Излезеностана прегласувањето на неколку избирачки места во…

Прегласување на неколу избирачки места – Ќе…

Во седум избирачки места во изборните единици…

Управниот суд денес ќе пресече: Ќе има…

Во Управниот суд за денеска се закажани…