Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари во криптовалути!
Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари во криптовалути, но оваа сума е помала од минатата година, соопштија компании специјализирани за кибер безбедност.
Компанијата „Дифај“(De.Fi) верува дека хакерите во оваа 2023 година присвоиле две милијарди долари во криптовалути, што, според нејзиниот извештај, „ги истакнува постојаната ранливост и предизвиците во рамките на екосистемот „Дифај“, пишува порталот ТечКранч (TechCrunch).
Компанијата за блокчејн „ТРМ Лабс“ (TRM Labs) претходно во декември процени дека хакерите само годинава украле криптовалути во вредност од 1,7 милијарди долари.
Ваквиот исход е подобар од тој во 2022 година, годината кога, според „Чаиналисис“ (Chainalysis), хакерите украдоа рекордни 3,8 милијарди долари во криптовалути.
„Најуспешни“ на овој пазар на кражби на криптовалути со хакерски напади лани беа хакерите од Северна Кореја, познати како „Групацијата Лазар“, кои украдоа криптовалути во вредност од 1,7 милијарди долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери тврдат дека збришале 90 милиони долари…
Хакери кои веројатно имаат врски со Израел…
Расчистена кражба после година и пол: Од…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Остана ли некој нормален? Повторно пријавена украдена…
Скопјанецот Г.Ј. (63) денеска пријавил во полиција…
Жена ограбила книжарница во Штип
На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…
Уште една бронзена биста украдена од гробиштата…
Жител на Волково вчера пријавил дека од…