Објавено на:

Нов „Вагнер“ на повидок? Путин го потпиша новиот Закон

t

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот за правото на руската гарда да создава доброволни единици по моделот на Министерството за одбрана.

Соодветниот документ е објавен на државната веб-страница за објавување на правни информации.

Во септември беше поднесена иницијатива до Државната дума да и се дозволи на руската гарда да има свои доброволни единици по моделот на Министерството за одбрана, наведува РИА Новости.

Според извештаите, волонтерски формации ќе може да формира руската гарда со одлука на претседателот.

Нивниот број, организација, области на дејствување, задачите со кои се соочуваат, постапката за управување со нив, периодот на нивното користење и постапката за нивно прекинување ќе ги определи Руската гарда.

Пристапувањето на граѓаните во формациите ќе се врши преку склучување на соодветен договор.

Граѓаните кои се во волонтерски формации на Руската гарда и членовите на нивните семејства ќе добијат ист износ на социјални гаранции, бенефиции и надоместоци што им се даваат на волонтерските единици на Министерството за одбрана на Руската Федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…

„Нашата армија има потенцијал да стане една…

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ изјави…

Се спрема закон со кој САД и…

Американскиот Конгрес работи на нов закон со…

Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…

Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…

Началникот на иранската армија: „Доколку непријателот започне…

Началникот на иранската армија, Абдолрахим Хатами, му…