Објавено на:

Захарова: Западот ја уценува Србија да не соработува со Русија

t

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека Западот ја уценувал Србија за да не соработува со Русија.

„Како и досега во Украина, Западот и постави услов на Србија, наместо хармоничен развој во согласност со националните интереси на српскиот народ, да направи тежок избор – или со Запад или со Русија. Но, сега тој избор е формулиран сосема поинаку, така што Србија може да го избере само Запад“, рече Захарова.

Според неа, нивните последни барања главно звучат како ултиматум, „што и да прави Србија, единствено не смее да соработува со Русија“.

Таа додаде дека Украина некогаш била вовлечена во истата рамка, а сите предупредувања од Русија биле игнорирани. Исто така, Захарова рече дека Србија во текот на својата историја не дозволила вакво сценарио на своја територија.

„Србија избра да се води од своите национални интереси. Не се согласи да ги исполни условите на Западот“, изјави портпаролката на руското МНР.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вчера во гостување на телевизија Пинк јавно им се заблагодари на руските безбедносни служби за тоа што споделиле информации со српските колеги дека се подготвуваат немири по изборите.

Претходно Захарова оцени дека Западот се обидува да ја дестабилизира ситуацијата во Србија користејќи техники како на Мајдан.

Рускиот амбасадор во Србија, Александар Бочан-Харченко, по вчерашната средба со српскиот претседател, изјави дека Вучиќ имал непобитни информации дека Западот поттикнува протести во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…