Објавено на:

(Видео) Најмалку 44 загинати откако преполн траект се преврте во езеро во Зимбабве

t

Најмалку 44 лица загинале откако преполн траект се превртел во езерото Кариба во Зимбабве, потврди полицијата, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани и исчезнати лица.

Пловниот објект бил регистриран за превоз на најмногу 90 лица, но според податоците за продадените билети, на него имало 114 патници и пет членови на екипажот. Сè уште не е познат точниот број деца што биле на траектот.

Дополнителна забуна создаваат податоците за бројот на лица на бродот. Еден член на екипажот за националната телевизија ZBC изјавил дека во моментот на несреќата на траектот имало вкупно 153 лица.

Според неговото сведоштво, траектот се превртел поради големите бранови. Еден од преживеаните патници раскажал дека водата почнала да навлегува во пловилото околу 30 минути по испловувањето од градот Кариба кон островите и рибарските кампови.

Единицата за цивилна заштита на Зимбабве испратила специјализиран нуркачки тим, а операцијата за пребарување и спасување продолжува.

Полицијата денеска во два наврати го зголеми бројот на потврдени жртви. Првично беа потврдени 38 загинати, а нешто подоцна бројката се искачи на 44.

Езерото Кариба е најголемото вештачко езеро во светот според волумен и се протега околу 240 километри долж границата меѓу Зимбабве и Замбија. Несреќи на езерото се случувале и во минатото.

Во 2014 година, на замбискиот дел од езерото се удавиле 26 лица, меѓу кои 24 деца, по превртување на брод. Во 2021 година во несреќа на страната на Зимбабве загинале пет лица, додека во октомври 2023 година тројца луѓе исчезнале по превртување на брод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Најмалку 44 загинати откако преполн траект…

Најмалку 44 лица загинале откако преполн траект…

Претседателот на Зимбабве со критики од јавноста…

Новоизбраниот претседател на Зимбабве Емерсон Мнангагва се…

Путин му подари хеликоптер на претседателот на…

Рускиот претседател Владимир Путин му подари хеликоптер…