УДАРНА ВЕСТ: ДВОЈНО УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА!
Попладнево се случи двојно убиство во Челопек, напаѓачот исто од Челопек е повреден и е пренесен во Клиничката болница Тетово. Иако дел од медиумите објавија дека има 3 жртви, сепак официјалните податоци засега говорат за двајца загинати.
Денеска (27 декември) полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода И.И. (возраст околу 60 години) од тетовското село Челопек постапувајќи по пријава дека околу 14 часот и 10 минути со огнено оружје во тетовското село Челопек усмртил двајца негови роднини, а еден повредил. Осомничениот, кој, исто така, се здобил со повреди, најверојатно од огнено оружје, е приведен во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Инфомакс.
Тетовската болница е под силно полициско обезбедување, а на местото на несреќата увид врши СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…
Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Насилник од Тетово му се заканувал на…
43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…
Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…
На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…
Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…
Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…