Детали за убиството во Челопек: Причината е нерасчистени имотни односи?
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека според првичните сознанија, двојното убиство во тетовски Челопек е поради нерасчистени имотни односи во семејството.
Тој изјави дека во моментот се работи на расчистување на настанот, а наскоро ќе имаат подетални информации.
-Во моментот работат колегите во однос на расчистувањето на овој настан, станува збор за нерасчистени имотни односи во едно семејство. Тоа се првичните сознанија кои ни ги пратија колегите од терен. Очекуваме дека наскоро ќе се заокружи целиот процес и ќе имаме детални информации, изјави вечерва Спасовски, за време на работна посета на ЕВР Гази Баба, во одговор на новинарско прашање.
Попладнево две лица беа убиени, а едно е повредено во тетовски Челопек. Од СВР Тетово информираа дека е приведено осомниченото лице. Убиените и повредениот се роднини со осомничениот за убиството и ранувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…
Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…
Од МВР информираат дека се поднесени кривични…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи денеска упати апел…