Влада: Исплатена е финансиска помош на граѓаните од социјално ранливи категории

t

Граѓаните од социјално ранливи категории денеска добија финансиска помош, согласно Законот за финансиска поддршка.

Тука спаѓаат корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.

Финансиската поддршка за корисниците опфатени со овој закон, изнесува 2.000 денари месечно за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.

Средствата за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година, изнесува:

– 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка,

– 2.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

-1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

Исплатата на финансиската поддршка се извршува без поднесување на барање од страна на корисниците, врз основа на податоците од евиденциите на центрите за социјална работа и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, за остварено право во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…

Нов бран закани со поставени експлозивни направи…

Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…

Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…

КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…

Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…

Славески: Најдобрата опција е ова што го…

Најдобрата опција е ова што го правиме…

Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…

Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…