Јавно апелирам до Кастриот Реџепи да не го кочи предлог-законот за македонски јазик, вели министерката за култура

t

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и денес, како и честопати досега, апелираше до претседателот на Комисијата за култура во Собранието Кастриот Реџепи да закаже седница, за Предлог-законот за македонски јазик да се стави на дневен ред, да оди на амандманска расправа и да се изгласа.

На денешниот брифинг со медиумите, министерката повтори дека со законот ќе стане задолжително присуството на лектор во секоја јавна институција. Нема повеќе да излегуваат текстови во јавност кои не се лекторирани, а втора најголема придобивка со законот е основањето на Инспекторатот за македонски јазик.

„Од овој закон ќе произлезат одредени измени во Законот за основно, средно и високо образование. Со овој закон ќе продолжи стипендирање на студентите, ќе се даде поголема поддршка за македонската литература, како и за Институтот за македонски јазик. Инаку, Законот за македонски јазик не е променет уште од 1998“, додаде министерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…

Нов бран закани со поставени експлозивни направи…

Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…

Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…

КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…

Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…

Славески: Најдобрата опција е ова што го…

Најдобрата опција е ова што го правиме…

Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…

Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…