УЈП ветува дека до утре системот ќе ги „пушти“ платите – Скопската дирекција денеска и утре ќе работи до 19 часот
Од Управата за јавни приходи информираат дека одредени застои се создаваат поради тоа што работодавачите пресметките ги доставуваат по неколку пати.
Поради големиот интерес од страна на работодавачи кои сакаат да исплатат декемвриска плата до крајот на месецот и за да се избегнат турканиците кои настанаа во текот на денешниот ден, вработените кои работат на пресметка на плата МПИН во Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи – Скопје денеска и утре ќе работат до 19 часот, информираат од Управата.
-На овој начин Управата за јавни приходи ќе овозможи сите работодавачи кои имаат подготвени пресметки истите да ги достават и да ја исплатат декемвриската плата до крајот на овој месец- велат од УЈП.
Оттаму информираат дека одредени застои во обработката на образецот се прават поради тоа што одделни работодавачи образецот го поднесуваат по неколку пати.
– Поради големиот интерес од страна на работодавачи кои сакаат да исплатат декемвриска плата до крајот на месецот образецот го поднесуваат и по неколку пати и истиот може да направи мал застој во обработката. Некои работодавачи ги поднесуваат пресметките и директно во Управата за јавни приходи регионална дирекција Скопје, каде што се услужени од даночните службеници – велат од УЈП.
Во однос на информацијата дека има застој во доставувањето и обработката на обрасците за плата од УЈП информираат дека доставувањето на образец МПИН, кој се врши преку електронската пошта [email protected] , не е во застој и непречено функционира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…
Нов бран закани со поставени експлозивни направи…
Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…
Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…
КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…
Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…
Славески: Најдобрата опција е ова што го…
Најдобрата опција е ова што го правиме…
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…