Ковачевски: До 2030 Македонија ќе биде полноправна членка на ЕУ

t

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вчера од Собранието изјави дека со проевропското парламентарно мнозинство и Влада, на краток рок до 2030 година, Македонија ќе биде членка на Европската унија.

„Не само што е можно Република Македонија да продолжи со евроинтеграциите, туку тоа ќе се случи многу брзо со проевропско мнозинство во парламентот, што ќе го исполни условот од преговарачката рамка“, рече премиерот на седницата за пратенички прашања.

Како што истакна, граѓаните на Македонија од осамостојувањето се определиле за прозападниот правец на развој на својата татковина и за евроатлантските интеграции.

Тој потсети и на податоците од истражувањето на јавното мислење објавено во средата, според кое 80 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ.

„Ниту еден неодговорен политичар, ниту една радикална популистичка десна-левичарска проруска коалиција нема да застане на патот на понатамошниот демократски развој, економски развој, стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави и партнерство со земјите-членки на НАТО и на Европската унија, кои се наши природни партнери. Одиме напред и ќе бидеме таму“, рече премиерот.

Тој изјави дека Македонија успешно го завршила скрининг-процесот и дека останува да ја исполни обврската за уставни измени.

„Хистеријата дека ќе го изгубиме македонскиот јазик, дека ќе се бугаризираме, асимилираме – падна во вода, исто како претходните за федерализација, кантонизација и што уште не, од кујните на кочничарските мајстори“, истакна Ковачевски.

Тој додаде дека штом се изгласаат амандманите ќе почнат преговорите за поглавјата со ЕУ.

„Сега е моментот на заеднички интереси, кога на ЕУ ѝ требаме и нам ни треба. И оваа единствена можност за продолжување на интеграцијата ќе се реализира“, заклучи македонскиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…

Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…

КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…

Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…

Славески: Најдобрата опција е ова што го…

Најдобрата опција е ова што го правиме…

Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…

Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…

Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…

Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…