Груевски со поддршка за македонските историчари се спротивстави на бугарските шовинистички политики!

t

Подршка!!!

…Дури и во 21 век, во време на широки човекови права и слободи, „Македонското прашање“ е сѐ уште актуелно и е во фокусот на Европската унија и САД. Доказ за тоа е утврдената преговарачка рамка за Македонија. Како членка на Унијата, и широко поддржана од Брисел, Бугарија бескрупулозно ги блокираше македонските заложби за членство. Оваа политика на Софија е прецизирана во два документи – „Бугарска национална доктрина за XXI век“, објавена во 1997 година, и во вториот нејзин дел – „Национални стратегиски програми“, објавен во 1998 година. Во нив е очигледен бугарскиот нагласен национал – шовинистички однос кон Македонија.

Во овие документи се прецизирани големобугарските аспирации и стремежи кон Република Македонија. Тоа е нивна стара доктрина, уште од 19 век. Без никакви издржани аргументи, таа се базира на непризнавање на националната посебност на Македонците, коишто се третираат како „Бугари“.

Бугарската држава го негира постоењето на македонски народ и на македонски јазик, историја, култура…. Го негира македонскиот национален идентитет. Оваа Бугарска државна стратегија е денес поактуелна од кога било. Подготвена е од бугарските квази научни кругови, предводени од БАН (Бугарската академија на науките). Најшироко е поддржана и од сите политички фактори во земјата. Спомнатата „Бугарска национална доктрина“ претставува латентен генератор на нестабилност не само на Балканот, туку и во цела Европа. Нивната неспорна цел е бугаризација на Македонците, што е невозможна мисија. Жалосно е што сите научни институции и политички структури во Бугарија, посветено работат на реализација на овие бесмислени цели.

Евидентно е дека Бугарија, којашто не успеа да ги реализира своите историски синдроми во завојувачките војни во 19-тиот и во 20-тиот век, се стреми да ги оствари преку злоупотреба на своето членство во ЕУ. Унијата и служи на Бугарија како алатка за исполнување на нејзината шовинистичка доктрина, според која треба да се избришат Македонците како одделен народ.

Овие два документи се јавно објавени во Бугарија. Тие се во сила, недостојни се за членка на ЕУ, ама и за Брисел. Толеранцијата на ЕУ и САД, претставува охрабрувачки фактор за Софија, да продолжи цо реализирање на своите нецивилизациски и антиисториски стратешки цели кон Македонија.

Покрај тоа, за Национален Ден е прогласен 3 Март. Тоа е датумот кога, во 1878 година, е прогласена Санстефанска Бугарија. Тоа беше проект на Москва, со којашто беше создадена Голема Бугарија. Замислата беше таа да биде руски сателит. Траеше само неколку месеци, до Берлинскиот Конгрес од јуни 1878, и никогаш не беше реализирана во пракса. Таквата голема Бугарија опфаќала територии коишто денес припаѓаат на пет држави.

Со одредувањето на 3 март за национален ден, Софија јасно става до знаење дека го следи континуитетот на таа експанзионистичка стратегија…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Холандија се откажува од Евровизија

Холандија нема да учествува на Евровизија следната…

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…

Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…

Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…

Вечерва се активни седум пожари, денес на…

Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…

Два сребрени и еден бронзен медал за…

Борачите ги донесоа првите (три медали) за…