(Фото) Скопјанка брутално претепана од поранешното момче-ја влечел по темни сокаци во Драчево

t

Вистинска голгота преживеала скопјанка која во средата била жртва на физички напад од страна на поранешниот партнер.

Според кажувањата на оштетената за Слободен печат, нивната врска била завршена одамна но по раскинувањето секојдневно добивала закани по својот живот.

Случајот кулминирал кога поранешното момче со иницијали М.Т насилно ја внел поранешната девојка во својот автомобил по што се упатиле кон Драчево, кадешто ја претепал, ја влечел по земја, и ја искинал облеката, и ги зел личните предмети, по што претепана ја вратил дома.

„Ме однесе во околината на Драчево, по земјени патчиња и ниви, кадешто почна да ме навредува со сите можни погрдни зборови, и физички да ме напаѓа со тупаници, клоци, во пределот на главата, стомакот и по интимни делови, кинејќи ми ја сета облека и повторно физички и вербални напади кадешто ме фрли од автомобилот во нивите, се премисли па ме однесе во мојот стан кадешто искрши се’ наоколу и следуваа нова серија на психичка и физичка напади и тортура. Со закани за смрт за мене и моето семејство.”- изјави жртвата.

Извор: Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски се согласува на замрзнување на војната…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би…

Родителите на загинатите во Пулс: Изразуваме искрена…

63 згаснати животи. 63 ангели. 63 причини…

Ристовски го пречека светскиот шампион Марко Џорлев…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во…

Поднесена кривична пријава против охриѓанец за детска…

При претресот биле пронајдени и одземени десктоп-компјутер…

Во Хром од канализациски колектор извадени теписи,…

Теписи, черги, остатоци од влажни марамчиња, облека,…