Град Скопје започна со изградба на новопроектираната улица „4“ во Карпош
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со екипи од Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје и јавното претпријатие Улици и патишта, извршија увид во почетокот на градежните работи на изградбата на новопроектираната улица 4 во населеното место Криви Дол во општина Карпош.
Отпочнувањето со изградба на една од двете новопроектирани улици во ова населено место, улицата 4, како потреба произлезе поради изградбата на новиот кружен тек помеѓу булевар „8 Септември” и улица „Скупи”, како и изградбата на новата клучка кај Момин Поток. Со нивната изградба се овозможува промена на постоечкиот сообраќаен режим за обезбедување сигурност за учесниците во сообраќајот. Со оневозможување на движење со моторни возила по пешачката и вело патека и диво приклучување на ул.Скупи и на бул. „Никола Карев”, ќе се превенира загрозување на пешаците и велосипедистите и овозможи нивно безбедно движење. Со изградбата на новата улица на жителите на Криви Дол ќе се обезбеди сигурен и безбеден пристап на жителите до нивните домови.
Изградбата на новопроектираната улица број 4 се реализира преку меѓуопштинска соработка, а градежните работи на истата ги реализира јавното претпријатие „Улици и патишта” Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…
Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…