(Видео) Украина гранатираше руски град: Според првичните информации има мртви и повредени
Најмалку две деца загинаа, а неколку луѓе се повредени во украинско гранатирање на центарот на рускиот град Белгород, изјави денеска регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
Вооружените сили на Украина го гранатираа центарот на Белгород. Според прелиминарните информации, има две мртви деца и повредени, напиша тој на Телеграм.
Покрај тоа, неколку гранати го погодиле и станбениот дел на Белгород, прецизира гувернерот и најави дека подоцна ќе објави повеќе детали.
Претходно денеска едно дете загина во украинско гранатирање на руската област Брјанск, објави регионалниот гувернер Александар Богомаз на својот канал Телеграм. Тој прецизираше дека детето кое починало е родено во 2014 година. Според гувернерот на регионот, вооружените сили на Украина истрелале повеќе од 10 гранати кон цивилни цели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…