Објавено на:

Захарова ја обвини Британија за украинскиот напад на Белгород

t

Велика Британија стои зад нападот на Украина врз рускиот град Белгород, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Зад терористичкиот напад стои Велика Британија, која во координација со САД го охрабрува режимот во Киев да изврши терористички акции бидејќи сфати дека украинската контраофанзива е неуспешна“, изјави Захарова за ТАСС.

Според неа, Лондон, како што неодамна соопштија претставници на кабинетот на украинскиот претседател, му забранил на режимот во Киев да преговара со руската страна, обложувајќи се на победа на Украина на бојното поле.

„Без ниту една шанса да се подобри лошата состојба на украинската армија на терен, Англосаксонците ја презедоа тактиката на терористички напади врз цивили“, истакна Захарова.

Според неа, за терористичкиот напад на Белгород одговорни се земјите од ЕУ, кои доставуваат оружје за Украина.

„Одговорноста за терористичкиот напад е на земјите од ЕУ кои продолжуваат да им доставуваат оружје на терористите од Киев кои користат касетна муниција против цивили“, рече Захарова.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска загинале 14 лица, меѓу кои две деца, а 108 се повредени во украинските напади во кои, според Москва, биле употребени касетни бомби и ракети „вампир“ од чешко производство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Агресијата против Иран е неиспровоцирана и…

Рускиот претседател Владимир Путин започна состанок со…

Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи оди во…

Министерот за надворешни работи, Абас Арагчи, одговарајќи…

Захарова: Русија е подготвена да го реши…

Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…

Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…

Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…

Путин: Русија нема докази дека Иран сака…

Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…