Објавено на:

Русија го свика Советот за безбедност на ОН за украинскиот напад на Белгород

t

Владата на Русија, чија војска ја нападна Украина пред речиси две години, свика специјален состанок на Советот за безбедност на ОН по денешниот украински напад врз рускиот град Белгород, јави ДПА.

„Терористичкиот напад на Белгород ќе биде предмет на дискусија во Советот за безбедност на ОН“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Зад терористичкиот напад стои Велика Британија, која во координација со САД го поттикна режимот во Киев на терористички акти откако призна дека контраофанзивата на украинските вооружени сили пропаднала“, рече и Захарова, цитирана од државната агенција ТАСС.

Според руските власти, во украинскиот ракетен напад врз Белгород загинале најмалку 14 лица, меѓу кои и две деца. Се наведува дека бројот на повредени е 108.

Белгород се граничи со Украина и постојано е гранатиран откако претседателот Владимир Путин нареди инвазија на земјата во февруари 2022 година, иако штетите и жртвите во Русија не се ни блиску до оние во Украина. Вчера Русија го започна својот најголем воздушен напад во војната против Украина, со околу 160 проектили и беспилотни летала кои погодија градови низ целата земја. Најмалку 39 лица загинаа, а 120 се ранети, соопштија властите во Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…