Демократска младина на Косово: Курти е Дедо Мраз кој носи скандали

t

Демократската младина на Косово денеска изврши симболична акција во знак на протест против постапките на владата на косовскиот премиер Албин Курти, кого го претставија како „Дедо Мраз кој носи скандали“, пренесува Коха.
Според нивното мислење, Курти во 2023 година донел само афери, скандали и злоупотреби.

„Санкции од ЕУ и САД“, „Заедница и автономија“, „Поскапување на струјата за 115 проценти“, „Афера здраво“, се дел од натписите што активистите ги напишаа на „подароците“.

Активистот на Демократската младина на Косово, Арбноре Саљиху, рече дека Курти „ги разочарал граѓаните, дејствувајќи врз влошувањето на животот на граѓаните и функционирањето на Косово“.

„Денеска излеговме да го направиме годишниот биланс на премиерот или Дедо Мраз како што го нарекуваат. Се претпоставува дека Дедо Мраз носи само добри подароци, но премиерот не разочара и со оваа улога. Подароците што ги донесе оваа година во земјава не се ништо повеќе од скандалозни афери, злоупотреби кои го влошија животот на граѓаните и функционирањето на нашата држава“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…

Најава за нови апсења на Косово, дали…

Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…