Раководители во Контрола на летање поднесоа оставки

t

Еден од тројцата директори на М-НАВ и дел од инженерскиот кадар поднеле оставки поради малверзации со изборот на кандидати за вработување. Како причина се наведуваат лица кои биле примени на работа, без да одговараат на тестовите за селекција, бидејќи не ги знаеле одговорите.

Поради тоа, синоќа оставки на раководните инструкторски места си поднеле инженери од кои зависи безбедноста на авиосообраќајот.

Инаку, раководителите во воздухопловна техника оставиле тест прашања за основни предзнаења на кандидатите, за да видат кој од нив може понатаму да ја продолжи обуката, односно да биде вработен. По тестот требало да следува интервју и да се изберат најдобрите кандидати.

Поради контраверзниот оглас минатата недела и контролорите на летање најавија штрајк, но се откажаа откако добија верување од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски дека конкурсот нема да биде „наместен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинетите за хаосот во М-НАВ добија условни…

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди…

Укинат притворот за шестмината обвинети за инцидентот…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Државниот инспекторат утврдил повеќе пропусти во постапките…

Државниот инспекторат утврдил повеќе пропусти во постапките…

Апелација го пушти Незири на слобода

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста,…

Утврдени 14 прекршувања во М-НАВ, сериозни проблеми…

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) го подготви…