Најмногу бебиња се родиле во јули, Софија и Лука најпопуларни имиња
Имињата за бебиња постојано влегуваат и излегуваат од мода, па затоа е важно да се избере име со кое детето може да расте, објаснуваат стручњаците.
Софија е најчестото женско, а Лука најчестото машко име кое родителите го избирале за своите новородени деца во текот на изминатата година.
Меѓу популарните имиња кај женските бебиња се и Јана, Хана, Ана, Мила, Ева, Сара, Бисера…., а кај машките Михаил, Дамјан, Јаков, Јован, Давид, Петар, Марко, Матеј, Алексеј….
Според Државниот завод за статистика на Република Македонија, минатата година се родиле 18.073 бебиња, од кои 51,2 отсто машки.
Според месецот на раѓање пак, како што покажува статистиката, најголем број дечиња се родени во јули, дури 1.717.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народната банка организира превоз за клиентите на…
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…
Драма на небото над Србија: Воени ловци…
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…
Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…
Избувнал пожар во паркирано возило на улицата…
На 6 ноември 2026 година, во 04:30…