(Видео) По половина век владеење, данската кралица најави абдикација за неколку дена!
Данската кралица Маргрет Втора денеска во својот новогодишен говор објави дека ќе абдицира на 14 јануари, по 52 години на тронот.
Таа рече дека ќе ја наследи нејзиниот најстар син, престолонаследникот Фредерик, објави Ројтерс.
80-годишната кралица, која го презеде тронот во 1972 година, стана монарх со најдолг стаж во Европа по смртта на британската кралица Елизабета Втора во септември 2022 година.
Таа беше успешно оперирана на грбот во февруари.
„Операцијата природно предизвика размислување за иднината – дали е дојдено време да се пренесе одговорноста на следната генерација“, рече кралицата во својот новогодишен говор.
Во Данска, моќта е на избраниот парламент и влада.
Се очекува монархот да остане над секојдневната политика, претставувајќи ја нацијата со традиционални должности кои се движат од државни посети до прослави на националните празници.
Кралицата Маргарет имаше широка поддршка од Данците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Се рангираме во петте најбрзо растечки…
Во првиот квартал на 2025 година, реалниот…
Во Данска ќе се оди во пензија…
Данска се очекува да има највисока возраст…
Данска ја бојкотира Кока-Кола
Данските потрошувачи ја бојкотираат Кока-Кола поради потезите…
Диригентката Елена Митревска ќе биде директорка на…
Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари…
Данска ќе го брани Гренланд со воена…
Данска денеска објави дека ќе потроши 14,6…