(Видео) Три силни земјотреси ја погодија Јапонија во рок од 12 минути – проследено со цунами
Три силни земјотреси утрово во рок од 12 минути ја погодија централната јапонска префектура Ишикава, од кои најсилниот беше 7,4 степени според Рихтеровата скала, јавуваат јапонските медиуми. По земјотресот следеше цунами од 1,2 метри што го погоди брегот на Виџима, префектурата Ишикава.
По овој земјотрес беше забележан земјотрес со јачина од 6,1 степени, а му претходеше земјотрес со јачина од 5,7 степени.
Цунами од пет метри височина се очекува да го погоди брегот на островот Ното.
Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, најсилниот земјотрес со јачина од 7,4 степени бил на длабочина од 13 километри, а епицентарот бил на 90 километри северно од Такаока и 47 километри североисточно од Анамитсу.
Третиот земјотрес со јачина од 6,1 степен бил на длабочина од 10 километри, јавува Кјодо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според…
Русија стана четврта економија во светот според…
Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати…
Силен земјотрес во Јапонија, срушени се куќи!
Земјотрес со јачина од 6 степени според…
Земјотрес во Србија!
Земјотрес со јачина од 2,5 степени според…
Едно лице загина, седум се исчезнати: Се…
Едно лице загина, а седум се водат…