Во Албанија Новата година дочекана со огномети на плоштадите, првото бебе машко
Во вистински новогодишен сјај, во кој светнаа сите градови во Албанија, како никогаш до сега, уште на почетокот на декември, со богати огномети беше дочекана Новата 2024 година.
Плоштадите беа преполни со граѓани, но, посебно масовно беше во главниот град Тирана, каде освен локални жители и иселеници присуствуваа и илјадници туристи, кои одлучиле новогодишните празници да ги минат тука.
На плоштадот „Скендербег“ на повеќечасовниот концерт настапија познати имиња од албанската естрада а атмосферата кулминираше со огномет кој го осветли небото, по што традиционално се обрати градоначалникот Ерион Велиај.
-Сакам да им искажам благодарност на сите што работат за градот, полицијата, противпожарната служба, амбулантите, лекарите, електричарите. Сите оние кои го одржуваат нашиот град.
Нашиот град работи како тим. Затоа, како големо семејство, овој тим работи секој ден за да ја однесе Тирана понатаму.
Бевме европска младинска престолнина, европски град на спортот а во 2025 година, Тирана ќе биде медитеранска престолнина на културата.
Сакам сите да се мобилизираме за извонредно гостопримство и на сите туристи кои доаѓаат тука да им покажеме дека Тирана има големо срце и дека се добредојдени.
Среќна, успешна и бериќетна година, посака Велиај. Во Драч, отсјајот на шарениот огномет им приреди неверојатна глетка на присутните граѓани.
На ист начин, 2024 година беше дочекана и во Скадар, Елбасан, Фиер, Валона, Корча, Булќиза и други градови, додека граѓаните си посакуваа посреќна година.
Првото бебе на свет дојде во првата минута од новата година. Во гинеколошко-акушерската клиника „Кралица Гералдина“ во Тирана се роди Амар, машко бебе тешко 3 килограми и 200 грама.
Минатата година првото бебе беше женско.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!
По налог на Специјалното обвинителство против организиран…
Албанија и САД слават 102-годишнина од воспоставување…
Албанија и САД ја слават 102-годишнината од…
Остра реакција на МАЕИ и партиите на…
Партиите на Македонците, Власите, Египќаните и Ромите…
Погреб на демократијата во Албанија: Усвоена новата…
Албанскиот парламент по маратонска расправа, доцна синоќа,…