Првото бебе во Прилеп е девојче, во Охрид се роди момченце

t

Во весела атмосфера и со многу желби за подобра, посреќна и побогата 2024 година, прилепчани ја пречекаа Новата Година. Голем дел во своите домови, со семејствата и најблиските, а други уште викендот заминаа на прослава во и надвор од земјата.

Во Новата година, прво се роди женско бебе. Еден час и половина по полноќ, на Одделението за гинекологија во прилепската градска болница среќната мајка Низакете Керимоска од селото Црнилиште на свет го донесе своето второ дете. Од Одделението информираат дека и мајката и бебето се во одлична состојба. Во текот на денот првото новороденче во Прилеп во новата 2024 година ќе добие подароци од градските власти и градоначалникот.

Во новата година првото новороденче во Охрид е здраво машко дете. Како што информира директорот на Општа болница – Охрид, д-р Асен Шајн, бебето е родено во 1 часот и 54 минути по полноќ. Бебето е тешко 2730 грама. Мајката е од Охрид, а неа ја породил дежурниот гинеколог доктор Горан Маркоски и неговата дежурна екипа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилеп добива над 9,5 милиони евра за…

Нови улици, водоводна и канализациска мрежа, социјални…

Ангелов: Двајца пожарникари биле нападнати вчера во…

Во текот на вчерашниот ден двајца пожарникари…

Прилепчанец е уапсен, дома му нашле билбилчиња…

46-годишен жител на Прилеп доби кривична пријава…

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…

Уредувањето и користењето на охридските плажи на…

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од…

Со положување цвеќе и пригодна церемонија пред…