Најмладиот со алкохолно труење е 14 години
Малолетници, најчесто тинејџери се најголем број од лицата кои во текот на ноќта, за време на дочекот на Новата 2024 година побарале помош на Клиниката за токсикологија.
Од оваа Клиника, посочуваат дека бројот на акутни интоксикации поврзани со психоактивни супстанци расте секоја година.
Па така, на новогодишната ноќ биле примени 22 пациенти во алкохолизирана состојба. Вообичаено, доминира младата популација. Најмладиот пациен, на кој му требало помош откако конзумирал преголема количина алкохол имал само 14 години.
„23 прегледи заради акутни интоксикации, од кои 12 се малолетни, 11 се полнолетни“, вели Кирил Наумовски од Клиниката за токсикологија.
Сите биле третирани во амбуланта и се пуштени на домашно лекување. Сите пациенти навеле дека труењето е поради алкохол.
Во однос на полот, од Токсикологија додаваат дека бројот е еднаков.
Во првата половина од 2023 година евидентиран беше пораст од 13,5 проценти на алкохолни труења во споредба со истиот период минатата година, додека кај злоупотребата на дрога забележано е зголемување од 281 процент споредбено со првата половина лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…