(Видео) Новогодишните декорации во Струга – ОПАСНИ ПО ЖИВОТ: Девојче доживеа струен удар

t

Несреќа се случи во центарот на Струга, кога мало девојче доживеало струен удар од небезбедна новогодишна декорација која ја означува новата 2024 година.

Девојчето го удрило струја додека се фотографирало со своите родители покрај декорацијата, се вели во објавата на ВОКС Струга на Фејсбук.

„Декорираната #2024 метална конструкција за малку ќе беше фатално за мало девојче од Струга. Таа била удрена од струјата додека се сликала со родителите. Металната конструкција има струја и не е безбедна за граѓаните. Има и видео што го потврдува истото. Полицијата и ЕВН биле на терен и констатирале дека има струја!“, се наведува во објава на VOX Struga на Фејсбук.

Дека декорациите во Струга се небезбедни пишува и Voxstruga.mk и го поткрепи ова со видео во кое со мерач за струја доближен до конструкцијата се утврдува присуството на струја.

За среќа, девојчето поминало со помСпоред таткото на девојчето, ударот можел да биде фатален. Случајот е пријавен и во полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народната банка организира превоз за клиентите на…

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…

Драма на небото над Србија: Воени ловци…

Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…

ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…

Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…