Дрин Ахмети вели дека пиротехниката била купена легално, а подароците биле за внуците

t

Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети тврди дека пиротехниката која беше најдена во ѓепекот на неговиот џип била купена легално.

-Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци, изјави Ахмети во изјава за порталот „Скопје 1“.

Од Обвинителството пак денеска велат дека се уште се вештачи запленетата пиротехника. Оттаму веќе соопштија дека за настанот е известен јавен обвинител и оти во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

Тој на 30 декември беше приведен во полициска станица откако полицајци го сопреле неговото возило и во него нашле пиротехнички средства.

Во ѓепекот на неговиот „ренџ ровер“ со албански регистерски таблици беа најдени 749 пиротехнички средства. Тој стана познат во јавноста откако стана сопственик на бизни-центарот „Соравиа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…

Драма на небото над Србија: Воени ловци…

Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…

ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…

Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…

Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…

Дијалогот што во моментов се води околу…