ОСУММИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СУДАР ВО ОХРИД; Се судриле три возила – едно од Црна Гора, друго од Србија и трето од Македонија

t

Осум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, соопшти СВР Охрид.

Како што соопшти полицијата, вчера во 18.30 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, се судриле патничко моторно возило „голф“ со црногорски регистарски ознаки, управувано од В.И. (77) од Република Црна Гора, патничко моторно возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, управувано од С.М.(27) од Република Србија и патничко моторно возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(61) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“ О.И. (70) од Црна Гора, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, двајца сопатници од возило „голф“ и уште двајца сопатници од возилото „мерцедес“, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп не сака да врши притисок врз…

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе…

Финансии не дава согласност за негувателки во…

,,Министерството за финансии цел месец не дава…

Возач летал со 190 на час на…

На 20.06.2025 во 10.51 часот на патот…

САД распоредуваат воени авиони на Блискиот Исток…

САД го зголемија своето воздушно присуство во…

„Левица“: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од…

Политичката партија „Левица“ преку соопштение обвинува дека…