Од март работниците ќе земаат повисок „минималец“
Новата година ќе донесе ново покачување на платите на работниците.
– Од месец март следува ново покачување на минималната плата, на 22.500 денари, соопштија денеска од СДСМ преку соопштение.
– Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа просечната плата да ја покачи на 39.000 денари, за разлика од времето на ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22 илјади денари. Денес, просечната плата е за 300 евра повисока во однос на 2016 година, велат од партијата.
Секоја година во месец март минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година.
Сега минималецот изнесува 20.175 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Последен пат го направи ова денот кога…
Руското Министерство за надворешни работи повторно им…
Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…
Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…
Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…
Барнам: Путин нема да биде поканет на…
Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…