Бебето со скршеница е во добра состојба, од ГАК велат дека првично е проценето дека нема лекарска грешка
Директорката на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, Викторија Јовановска попладнево во изјава за медиуми рече дека бебето, кое се здоби со повреда на раката при породување, е во добра состојба и дека се работи за лесна пареза која најчесто се повлекува до 48 часа.
Јовановска денеска се сретнала со семејството на бебето и им објаснила како е настаната повредата.
– Им објаснував како е настаната повредата, дека тоа е можна и предвидена компликација, рече Јовановска, појаснувајќи дека ова може да се случи како компликација при попречена поставеност на плодот и дека мајката уште при прием била заведена како мајка со ризик.
Во случајов, како што рече Јовановска, родителите не прават проблем затоа што настанала фрактурата на коската, бидејќи се работи за втор царски рез после две години.
– Плодот е роден во одлична кондиција со многу добра оценка за виталност. По раѓањето, бебето било дадено на проценка кај педијатар. Педијатарот проценил дека се работи за лесна пареза.
Таква пареза најчесто се повлекува за 24 до 48 часа, нагласи Јовановска.
Денеска се состанала и Комисијата формирана од страна на ГАК, која ја разгледувала историјата и првично е проценето дека нема стручна грешка. Бебето беше родено во саботата, на 30 декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…