(Видео) Душата има зошто душа да е: Млади Македонци од целиот свет ни ги честитаат новата година и Божиќ на македонски јазик!

t

Ученици кои учат македонски јазик од целиот свет подготвија програма на македонски јазик, а „Учиме македонски“ го сподели видеото со материјалите од сите ученици.

Да се биде Македонец и Македонка надвор од географските граници на својата земја со себе носи многу предизвици. Како наставници и професори по македонски јазик сегашноста ни нуди да бараме начини и модели за тоа како да дејствуваме како просветни работници во земјите во кои што живееме и да дејствуваме во насока на зачувување на македонскиот јазик. Ние, ги учиме нашите ученици да зборуваат на македонски јазик, ги учиме да пишуваат со кирилично писмо, ги учиме како се сака и почитува нашиот фолклор и што е традиција. Нашата задача е многу одговорна и благородна. Да им јa пренесеме љубовта кон земјата од која потекнуваат, да бидеме мостот по кој тие уште од најраното детство ќе чекорат храбро и гордо. Да ги научиме да знаат колку е важно да се идентификуваат себе си, колку е голема нашата земја надвор од нејзините граници и дека е важно да знаат да ја имаат душата на својот народ и добрината на истиот.

Здружението на наставници по македонски јазик во светот во пресрет на еден од најубавите празници Божик подготви снимки од сите делови на светот. Наставниците и професорите со своите ученици подготвија свои снимки преку кои на македонски јазик испраќаат најубави желби. Учениците кои учествуваат во овој проект се среќни што зема учество и го даваат својот допринос. Погледенете ги учениците од Канада, Европа и Австралија. Се надеваме дека ќе ни се придружат и ќе не поддржат уште многу наши колеги и колешки.

Ние, како ментори на нашите ученици се надеваме дека љубовта со која тие го учат македонскиот јазик ќе расте и дека секоја нова учебна година во сите делови на светот ќе се отвараат нови училишта во кои ќе се учи и зборува на македонски јазик.

Нека пламенчето на надеж силно гори и ни го осветлува патот. Македонскиот јазик со сета своја убавина нека го учат и зборуваат сите Македонци каде и да се. Македонци во Македонија, Македонци во светот Ви посакуваме среќни празници.

Христос се роди! Вистина се роди!

„Здружение на наставници по македонски јазик во светот“

Кординатори на проектот:

– Ivana Brezovec, професорка по македонски јазик во Република Хрватска и

-Анастасија Гашко, професорка по македонски јазик во Сојузна Република Германија.

Видео монтажа: Кирчо Анастасов – велат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…

Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…

Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…

Дијалогот што во моментов се води околу…

ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…

Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…

Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…