Истополовите бракови во Естонија од вчера можат законски да склучат брак
Истополовите парови во Естонија можат да се венчаат од Нова година, а таа е првата земја создадена на територијата на СССР која ги легализираше хомосексуалните бракови.
Естонскиот парламент гласаше за легализирање на истополовите бракови во јуни со 55 пратеници кои гласаа за, додека 34 пратеници гласаа против законот во 101- члениот парламент. Изборната победа на естонската премиерка Каја Калас во февруари е заслужна за зајакнување на напорите за признавање на истополовите бракови, посочува „Гардијан“.
Перцепциите за истополовите бракови се сменија во последниве години во Естонија, која има 1,3 милиони жители, главно нерелигиозни. Во истражувањето спроведено оваа година од Естонскиот центар за човекови права, 53 отсто од Естонците ги поддржуваат истополовите бракови.
Тој процент пред една деценија беше само 34 отсто. Естонија законски ги признава вонбрачните партнери од 2013 година. Хомосексуалноста беше декриминализирана во 1991 година кога Естонија се отцепи од СССР.
Сепак, дискриминацијата и насилството сè уште постојат. На хомосексуалните бракови се противи мнозинството од естонското население кое зборува руски, кое сочинува околу една четвртина од населението на Естонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Естонката Калас може да стане нов шеф…
Естонската премиерка Каја Калас би можела да…
Премиерката на Естонија: Немаме план „Б“ доколку…
Естонската премиерка Каја Калас денеска изјави дека…
Естонскиот премиер се закани: Ќе направиме „сѐ…
Естонија ќе направи „сѐ што е можно“…
Столтенберг: НАТО е со Естонија против каква…
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска…
МНР на Естонија: Путин ја зајакнува „воената…
Естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Чакна…