Објавено на:

(Видео) На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа необичното однесување на птиците пред разорниот земјотрес во Јапонија

t

На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа необичното однесување на птиците пред разорниот земјотрес што вчера ја погоди Јапонија. Иако научниците сè уште не ја потврдиле способноста на животните да чувствуваат природни катастрофи, многумина веруваат дека постои поврзаност помеѓу нивното необично однесување и претстојните настани.

https://twitter.com/Nerdy_Addict/status/1741923425742921990

Застрашувачки видеа од птици на небото, на покриви и на патишта укажуваат на промени во нивното однесување, а иако не е лесно да се одреди точниот момент на создавањето на видеата во однос на земјотресот, сепак има очигледна чудност во нивното однесување. Дали се работи за супериорниот слух, сетилото за мирис или едноставно некое чувство на животното, засега никој не може со сигурност да каже, но едно е сигурно – животните се однесуваат поинаку пред катастрофа.

Да потсетиме дека најмалку 57 лица загинаа, но се очекува бројот на жртвите да се зголеми, по серијата земјотреси во Јапонија. Стотици згради беа уништени, а неколку градови беа отсечени поради оштетени патишта и лизгање на земјиштето. Повеќе од 150 земјотреси ја погодија Јапонија за помалку од 24 часа. Спасувачите се на терен во потрага по преживеани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тешка ноќ на фронтот, загинаа најмалку…

Украинските сили извршија серија напади врз цели…

Тебас: Ерата на Џани Инфантино е завршена

Првиот човек на Ла Лига, Хвиер Тебас…

Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка

Изгаснат е пожарот што избувна во саботата…

Нафтата повторно поскапе

Цените на нафтата во понеделникот повторно се…

(Видео) Граѓани реагираат за хигиената во Центар:…

Меѓуградска автобуска станица во Скопје најчесто е…