(Видео) Граѓани реагираат за хигиената во Центар: Ѓубре насекаде во околината на Меѓуградската автобуска станица

t

Меѓуградска автобуска станица во Скопје најчесто е првата слика за многумина кој доаѓаат во градот. На социјалната мрежа „Х“ граѓани се појави видео кое доловува дека таа „прва слика“ за Скопје остава лош „прв впечаток“.

Имено, профилот со псевдоним „ЛаБуБу“ сподели видео објава од околината на автобуската станица, на кое може да се забележи расфрлан отпад покрај самиот тротоар во запуштениот тревник.

Во натписот на објавата, „ЛаБуБу“ вели: „Во околина на меѓ. автобуска скопје. Гаден народ, уште погадна држава“.

Друг корисник на платформата се надоврза на оваа објава и ја посочи и локацијата кај црквата во Центар помеѓу дом на АРМ.

„Не си видела такво нешто. Партали скапани оставени“, вели „JaneDoe“.

„Не знам дали јас растев во друга Македонија и мнозинството луѓе шо се грижеа за секаков вид хигиена се иселија/заминаа на онај свет или сум била несвесна за каков народ всушност живееел и живее таму“, напиша извесна Марија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Цените на енергенсите во Европа се…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју…

Москва предлага пакт со НАТО

Русија би можела да склучи пактови за…

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…

Украина и Русија договорија размена на заробеници,…

Украина и Русија договорија поголема размена на…