Лидерската средба за техничката влада во втората половина на јануари
Денеска Ковачевски вели дека средбата може да биде и на јавно место, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кој во интервју за Прес 24 вели дека ниту имал тајна средба со Ковачевски, ниту пак дека гледа потреба да присуствува на една таква средба.
„Кога ќе имаме средба таа ќе се случи во јавен простор. Дали во Клубот на пратеници, дали во Собранието, дали на улица Македонија сеедно е, дали во некој кафиќ. Ние имаме комуникација на партиско ниво, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ е во редовна комуникација со заменичката претседателка на СДСМ“, вели Ковачевски.
Формална одлука за учество во техничката Влада Мицкоски најавува пo празниците, кога ќе се носи и одлука за персоналните решенија за министри и заменици. Дали Наќе Чучев повторно ќе биде на чело на МВР, Мицкоски вели дека партијата засега нема донесено одлука, но не демантира.
– После Водици ќе имаме целосна слика за престојниот состав. Не се брзаме на тој план. ВМРО-ДПМНЕ има голем број на кадри кои можат да одговорат на позициите кои се бараат. Во однос на лидерската сметам дека нема потреба да се среќаваме на никакви тајни средби. Не знам за Ковачевски, но јас со него немам ништо тајно за споделување. Јас знам дека кога и да имаме средба за тоа ќе биде известена јавноста.
СДСМ уште пред Нова година ги дефинираше своите предлзои за техничката влада што ќе ја предводи Талат Џафери, а единственото изненадување е номинацијата на …. во МВР, досегашен шеф на кабинетот на Спасовски… Единствената дилема сега останува дали СДСМ и ДУИ ќе коалицираат предизборна и во која форма, откако стана се појасно дека Алијанса за Албанците не се гледа во тој блок.
“Не сме разговарле овие денови со оглед на тоа што беа новогодишни празници. А кога ќе разговарате.. Ќе видиме“, рече Ковачевски.
Во однос на најавите од апбанската опизиција за протести и блокада на Собранието, доколку нивниот кандидат не седне во испразнетото столче во ДИК, Ковачевски порача дека рзговорите за доекипирањето на Изборната комнисија мора да се водат во Собранието и дека не старавува од можно неизгласување на техниката влада, бидејќи за се во државата имало законско решение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…
Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…
Избувнал пожар во паркирано возило на улицата…
На 6 ноември 2026 година, во 04:30…
Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…
Дијалогот што во моментов се води околу…
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…