Објавено на:

САД не гледаат акти на геноцид во Газа, Блинкен денеска во посета на Блискиот Исток

t

САД не забележаа дела што би претставувале геноцид во Газа, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во врска со барањето на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата (МСП) акциите на Израел во Појасот Газа да ги прогласи за геноцид.

-Ова не се обвинувања што треба така лесно да се изнесуваат. Не гледаме никакви акти што претставуваат геноцид, рече Милер.

Портпаролот на Стејт департментот, исто така, кажа дека не е во позиција да процени дали во палестинската енклава биле извршени воени злосторства или злосторства против човештвото, пренесуваат британските медиуми.

Во поднесокот на Јужна Африка до Меѓународниот суд на правдата се наведува дека Израел ја прекршил Конвенцијата за геноцид од 1948 година, што беше составена по холокаустот, а се однесува на обидот за уништување на народ целосно или делумно. Јужна Африка бара од МПС да издаде привремени мерки со кои на Израел ќе му се наложи да ги прекине своите воени активности во Газа, за кои се наведува дека се неопходни за да се спречи сериозна и непоправлива штета на правата на палестинскиот народ.

Судот закажа јавни сослушувања за ова прашање за 11 и 12 јануари, додека Израел истакна дека ќе се брани од сите обвиненија.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ќе го посети Блискиот Исток, вклучувајќи го и Израел, во време на засилени дипломатски консултации фокусирани на конфликтот меѓу израелската армија и Хамас во Појасот Газа, изјави неименуван американски извор.

Според истиот извор, што синоќа даде изјава во Вашингтон, заедно со Блинкен во посетата на Блискиот Исток ќе биде и американскиот дипломатски пратеник Амос Хохштајн, пренесуваат британските медиуми.

Неименуваниот американски претставник изјави дека Блинкен на Блискиот Исток заминува вечерва „застанувајќи во неколку големи градови, вклучувајќи го и Израел“.

Во последните неколку дена американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во обид да се подобри испораката на хуманитарна помош за населението во Газа и да се постигне ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22…

Воздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци…

Нетанјаху: Израел не е вазална држава, во…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на состанок…

Москва и Вашингтон го осудија атентатот врз…

Рускиот претседател Владимир Путин испрати телеграма до…

(Видео) Се запали авион на „Делта“, а…

Авион на „Делта ерлајнс“ се запали веднаш…