Ѓоковиќ се закани: Повреден бев и кога ги освоив последните две титули во Мелбурн
На десет дена пред почетокот на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ има повреда на зглобот на раката поради што доживеа пораз на дуелот со Алекс де Минор на Јунајтед купот во Перт.
Кај фановите постои загриженост поради неговата состојба пред Гренд слемот во Мелбурн, но Ѓоковиќ ја смирува ситуацијата со образложение дека не му е првпат да поминува низ ова.
„Никогаш не знаете што може да се случи. На два од последните три настапи на Австралија Опен бев повреден и на двата успеав да ја освојам титулата. Работиме на тоа да го доведеме моето тело во најдобрата можна состојба за натпреварување“, пораќа Ѓоковиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Влен ја претвора „Бардовци“ во семеен…
Уште еден скандал излегува на површина под…
Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп…
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира…
Иран и Оман предлагаат привремен бродски коридор…
Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин…
Европската централна банка се подготвува за ново…
Европската централна банка се приближува кон ново…
Разрешениот украински министер за одбрана: Полека ја…
Се чини дека Украина полека ја губи…