Објавено на:

(Фото) Бугарски медиуми: Бугарски доброволец загина во Украина

t

Почина Бугаринот Светослав Славков (31 година) кој се бореше за слободата на Украина, соопшти неговиот близок пријател Бојан Расате, а пренесоа бугарските медиуми.

Трагичната вест Расате ја дознал од друг бугарски доброволец, кој исто така во тоа време се борел во Украина.

Последен пат Бојан Расате и Светослав разговарале на 23 декември 2023 година. Следниот ден, Светослав бил испратен на линијата на фронтот, веројатно во регионот Авдиевка, каде руските агресори извршиле жестоки напади во деновите околу Божиќ и Нова година.

На 29 декември другиот бугарски доброволец (неговото име се чува во тајност) им пишал на роднините во Бугарија дека немал контакт со Светослав 4 дена. Вчера, 03.01.2024 година повторно се јавил со потврда дека починал Светослав Славков.

Светослав замина за Украина во ноември 2023 година. Бил распореден во 40-от одделен пушки баталјон „КОДАК“. Неговата обука се уште не е целосно завршена, но се чини дека нападите на руските агресори ја натерале украинската команда да фрли се што има на располагање.

Светослав Славков бил многу добро вооружен. Веќе во првите денови по неговото пристигнување во Украина, неговите пријатели организираа кампања за купување на најдоброто модерно оружје и опрема, а набргу потоа беше доставено до Светослав. Се уште не е јасно дали семејството на Светослав е известено за неговата смрт. Неговите пријатели знаат дека има мајка и сестра, но досега не успеале да им влезе во трага.

Светослав Славков беше првиот бугарски доброволец што почина во Украина. Засега има информации за пет Бугари кои се бореле во Легијата на странците. Тројца од нив веќе се вратени во Бугарија. Четвртиот е токму тој што ја пријавил смртта на Светослав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Бугарски Фактор: Шефот на Агенцијата за национална…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (НСА)…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…