Богоев најави нови проекти во Царинската управа во вредност од 30 милиони евра

t

Приходите од данок на моторни возила бележат раст од 46,7 отсто во однос на претходната година, приходите од царина за 10,3 отсто, а раст од 5 отсто има и кај приходите од акцизи кои во 2023 година изнесуваат 32,4 милијарди денари. Растот на наплата на приходи од Царинската управа значи и повеќе пари за здравство, образование, подобрување на инфраструктурата од што бенефит ќе имаат сите граѓани на нашата држава, истакна директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, на брифингот со новинарите.
Богоев вели дека резултатите се веќе препознаени и од бизнис-заедницата, при што во последната анкета на Советот на странски инвеститори, Царинската управа е институција од чија работа инвеститорите се најмногу задоволни.

Богоев притоа истакна дека Царинската управа вложува во нови развојни проекти во вредност од повеќе од 30 милиони евра.
– Целта е македонските компании да можат да ги искористат бенефитите од новите проекти во вредност од над 30 милиони евра – средства обезбедени од фондовите на ЕУ, Светска банка и други донатори, како и дополнителни 60,6 милиони денари буџетски средства обезбедени за развојни проекти на Царинската управа кои почнаа да се спроведуваат оваа година и чија имплементација ни претстои – истакна Богоев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…