Камерон од Приштина ја истакна важноста на стабилен Западен Балкан
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон ја изрази поддршката на Велика Британија за Косово и изјави дека ќе му помогне на Косово во врска со прашањето за признавање на неговата независност.
На прес-конференцијата со министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, Камерон ја истакна важноста на мирот и стабилноста на Западен Балкан.
„Живееме во свет на голема неизвесност, голема нестабилност, свет на големи конфликти и тоа е време кога земјите како Британија треба да ги поддржат нашите пријатели, тесно да работат на нашите важни сојузи и да инвестираат во области кои биле нестабилни, но сега покажуваат големи знаци на стабилност и напредок. И затоа сме тука и затоа сакаме да продолжиме да работиме со вас“, рече Камерон.
Камерон се сретна и со претседателката Вјоса Османи, како и со премиерот Албин Курти. Шефот на британската дипломатија рече и дека неговата земја ќе му помогне на Косово во врска со прашањето за признавање на независноста.
„Ние сме големи поддржувачи на независноста, суверенитетот и правото на Косово да биде признаено од другите како целина, суверена земја и член на семејството на нациите“, рече Камерон.
Тој потсети дека минатата година во Косово имало 600 британски војници како дел од мисијата КФОР. Обединетото Кралство, исто така, обучува членови на Косовските безбедносни сили.
Шефот на косовската дипломатија, Гервала рече дека го запознала Камерон со предизвиците со кои се соочило Косово минатата година, споменувајќи го настанот во селото Бањска кај Звечан, каде на 24 септември во напад од вооружена група Срби беше убиен косовски полицаец, по што беа убиени и тројцата напаѓачи.
„Старите рецепти пред нападот на Русија врз Украина за решавање на предизвиците и конфликтите повеќе не функционираат. Западот беше успешен кога имаше јасна и решителна позиција. Западот беше политички и економски силен кога дејствуваше решително и врз основа на своите непоколебливи принципи во лице на агресивна Москва, а не со слаби и непринципиелни компромиси“, изјави Гервала.
Таа му се заблагодари на Камерон за континуираната поддршка што Велика Британија му ја дава на Косово во различни области.
Велика Британија беше една од првите земји што ја признаа сувереноста на Косово на 18 февруари 2008 година, ден откако Косово прогласи независност од Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!
Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…