Македонија ја нокаутираше Грција пред одличната атмосфера!
Ракометната репрезентација на Македонија со 33-30 го доби првиот од двата пријателски натпревари против Грција кои се последните тестови пред заминувањето на Европското првенство во Германија.
Македонија влезе во финалната фаза од подготовките за континенталниот собир кој го започнуваме од 10. јануари. Денеска во салата „Борис Трајковски“ се одигра првиот дуел против селекцијата на Грција.
Македонската репрезентација имаше бавен старт на натпреварот, почетниот период им припадна на Грците. Првиот гол го дадовме преку Атанасијевиќ дури во петтата минута кога го намаливме водството на противникот на 2-1. Во воведниот дел одбраната не функционираше, Грција ја одржуваше предноста од два разлика. Митревски првата одбрана ја имаше во 12. минута од мечот.
Како одминуваше времето момците на Лазаров почнаа да играат сѐ подобро, првото водство го имавме во 14. минута од натпреварот. Откако поведовме го држевме натпреварот под контрола зголемувајќи ја предноста, на одморот се отиде со предност на нашата репрезентација од 18-15.
Доминацијата ја продолживме во најголемиот тек од вториот дел, највисоката предност изнесуваше седум разлика, 26-19. Откако ја обезбедивме победата ја тргнавме педалата од гас, Грците во финишот од мечот успеаа да намалат, конечниот резултат гласеше 33-30 за Македонија.
Лазаревски со осум гола беше најефикасен во нашата репрезентација, Ненад Костевски постигна шест, Кузмановски пет. Митревски мечот го заврши со девет одбрани.
Македонија и Грција утре ќе одиграат уште еден натпреварот, тој ќе биде од затворен карактер. Тоа ќе биде последната проверка пред заминување на Европското првенство.
Фото: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидерите на ЕУ го завршија самитот во…
Лидерите на ЕУ го завршија денешниот самит…
Пентагон наводно го крие извештајот за убиството…
Американскиот Пентагон се соочува со сериозни обвинувања…
Дизелот под силен ценовен притисок: Намалените резерви…
Високите цени на дизелот предупредуваат на проблем…
Црното море станува се поопасно за трговските…
Нападите со дронови врз трговски бродови во…
Во недела АЛБЕРТА ОДЛУЧУВА ЗА НЕЗАВИСНОСТ ОД…
Во канадската провинција Алберта е распишан референдум…