ДИРЕКТОРИТЕ НА ДУИ ЌЕ „ЛЕТААТ“ ОД М-НАВ: Ќе се прави целосна ревизија на нивното досегашно работење, најави Ковачевски

t

По денешниот упад на активисти на ДУИ во М-НАВ и физички напад на вработени во Контрола на летање ќе биде разрешено целото раководство и членовите на Управниот одбор, а надлежните институции и меѓународни тела се повикани да направат целосна ревизија на досегашното работење во оваа институција. Од Владата информираа дека на иницијатива на Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки:

1. Целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени,
2. Да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.
Воедно, Претседателот на Владата ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

Претседателот на Владата и Владата во своето работење се водат од врвниот интерес за безбедноста на македонското небо и функционирањето на патничкиот и воениот авио- сообраќај, стои во соопштението од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…

Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…

Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…