Денеска се празнува Преподобен Наум Охридски Чудотворец
Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од петочислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Правеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од психички заболувања. Се упокои во првата половина на 10 век.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Успение на праведна Ана,…
Мајка на Пресвета Богородица. Денес се празнува…
Православната Црква утре го празнува споменот на…
Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај…
Денеска се празнува Преподобна Макрина
Најстарата сeстра на свети Василиј Вeлики и…
За многу години! Денеска се празнува Светата…
Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабошци.…
Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Атиноген, епископ…
Живееше во еден манастир близу градот со…